Зачини
Вита Зачин
Вита зачинот на Виталиа е 100% природен производ со вистинско богатство на сецкан сушен зеленчук, застапен дури до 25% и тоа целер, пашканат, кромид, морков, лук, бибер и соини трошки. Вита зачинот е без додаток на вештачки бои и не содржи натриум глутаминат.
Добро избалансираните состојки во Вита зачинот освен што ја подобруваат аромата и вкусот на храната, го стимулираат и излачувањето на соковите и ензимите со што се подобрува дигестијата, се намалува надуеноста и појавата на гасови при варење на храната.
Ѓумбир во Прав
Ѓумбирот претставува ароматичен зачин и природен лек против широк спектар на заболувања. Доколку сакате преку храната да го згреете телото и да ја подобрите циркулацијата препорачливо е да го пробате ѓумбирот и тоа консумирајќи напиток или грицкајќи коцки од ѓумбир. Гингеролот присутен во ѓумбирот ја подобрува циркулација и го поттикнува согорувањето на мастите и калориите, со тенденција да Ве згрее и да Ве ослободи од вишокот килограми.