Едукативно, Исхрана

Кои производи ќе ви ги обезбедат потребните протеини за активен и здрав живот?

Крајот на месец мај носи неколку интересни случувања за љубителите на активниот живот, а тоа значи дека за нив треба и многу добра подготовка. Без разлика дали сте професионалец, почетник или повремен уживател на спортските активности – потребно е да се храните правилно за да достигнете максимален перформанс и да го одржите здравјето на вашето тело под контрола. A протеинот претставува основа за тоа.

Се’ повеќе физички активни лица се одлучуваат да ја дополнат протеинската потреба на алтернативен начин – преку додатоци и специјализирани производи. Подготовката започнува во моментот кога ќе се пријавите на трката. Така, во деновите кои ѝ претходат на трката, се препорачува да го зголемите внесот на протеин во организмот.

За почеток на денот, еден од најновите производи на македонскиот пазар е протеинската каша на Виталиа, која е вкусна комбинација од 65% целозрнест овес, крцкави лешници и слатки парчиња бело чоколадо. Оваа каша е идеална за консумација наутро и пред поголема физичка активност бидејќи обезбедува 14g протеин, е без додадени шеќери и содржи високо количество на растителни влакна.

Непосредно пред самата трка или физичка активност, важно е да се чувствувате најдобро што може и да имате енергија од старт до финиш. Затоа, секогаш имајте при рака протеински бар за да ја надополните протеинската залиха во телото. А за време на трката, особено ако станува збор за маратон или подолга трка,  потсетете се да земете едно протеинско топче направено од растителен протеин, за да ви ја поттикне мускулната маса и да ви даде нова доза на енергија, со која ќе „прелетате“ преку финишот! Најдоброто нешто кај нив е што доаѓаат во мали пакувања, а во повеќе вкусови – така што можете да ги понесете со вас секаде, а никогаш да не ви здосади од вкусот.

И секако, последно, но не и помалку важно – финишот.

Што после реализирање на целта?

Откако ќе помине напорната физичка активност, телото треба да се одмори и да се регенерира. Најдобар начин да го направите тоа е да обрнете внимание на редовната хидратација, внесувањето на свежа вода и здрави течности, но и на правилната исхрана во деновите кои следуваат. Одлично и брзо надополнување на изгубените електролити и енергија може да обезбедат протеинските барови од Виталиа кои содржат 21g протеин, а помалку од 2g шеќери. Не заборавајте да си подготвите и вкусен протеински шејк, со протеин од сурутка  кој служи како додаток во исхраната и му помага на телото да се регенерира, за синтеза на мускулна маса, ги намалува воспаленијата, го зајакнува имуниот систем и го храни организмот. Вметнете го во вашиот секојдневен план на исхрана и почувствувајте како тој ви дава сила да ги издржите предизвиците кои стојат пред вас.

Најдобрата македонска компанија за здрава храна Виталиа постојано ги поддржува спортистите и луѓето со активен животен стил, не само преку развој на нови производи наменети за оваа таргет група, туку и преку поддржувањето на нивните настани и успеси. Така, Виталиа беше поддржател на трката Ohrid Ultra Trail која се одржа месецов, а во текот на викендов ќе ќе се придружи на „Трка на поезијата“ во Струга, која се состои од Главна трка (10 км), Рекреативна трка (5 км) и Детска трка (1 км).