Бар со јатки | Бразилски Орев и Суво Грозје

40.00 ден

Ви падна нивото на енергија? Надополнете ја со само еден залак! Нашите нови барови од јаткасти плодови и овошје нудат 100% енергија и вредни нутриенти – комплексни јаглехидрати, растителни влакна, магнезиум, омега-3 масни киселини и комплетен протеин. Барот со бразилски орев и суво грозје е вкусно и едноставно задоволство: егзотичен бразилски орев,крцкави бадеми и суво грозје кое додава мека текстура и природна сладост.

Тежина 40 g
Додадете производи од вредност над 850.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.
2 Личности го разгледуваат производот во овој момент
SKU: 1250154 Категории ,
Опис

Запознајте се со јаткастиот бар со бразилски орев и суво грозје на Виталиа!

Бразилскиот орев е најдобриот извор на селен од било која друга храна на планетата. Селенот придонесува кон нормална функција на имуниот систем,  помага во заштитата на клеточната оксидација и придонесува во одржување на нормални нокти.

Сувото грозје е богато со бакар и е одличен извор на растителни влакна. Тоа е исто така богато со калиум, кој придонесува во  одржување на нормалниот крвен притисок.

Кикириките се богати со витамин Б3, Б6 и магнезиум и кои како дел од вашата исхрана придонесуваат за намалување на уморот и заморот. Тие се богати со мононезаситени масти, влакна, витамин Е, фосфор, калиум, бакар, манган, протеини, цинк, и селен.

Присетете се на јаткастиот бар со бразилски орев и суво грозје во секој момент кога ќе ви треба енергетско надополнување. Пред тренинг, помагаат за подготовка на организмот. За време на долготрајно вежбање, ја рекуперираат енергијата. On-the-go, за време на работа, или прошетка во природа…

НУТРИТИВЕН СОСТАВ
Нутритивна вредност100 g/r
Енергија1640 КЈ/392 kcal
Масти10 g
од кои заситени1.9 g
Јаглехидрати59.7 g
од кои шеќери27.7 g
Влакна11.8 g
Протеини10 g
Сол0.3 g
10g

ПРОТЕИНИ

11.8g

РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА

1.9g

ЗАСИТЕНИ МАСТИ

Екструдиран ориз

Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Кајсија

Уживајте во сладоста на летото со вкусна сува кајсија. Ова овошје е богато во растителни влакна, антиоксидантни и калиум и може да се искористи како здрава ужинка или додаток во појадокот.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

Бадеми

Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Кикирики

Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.

Мед

Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.

Бразилски орев

Бразилските ореви се богати со влакна, витамин Е, тиамин и минерали како што се селен, калиум, цинк, магнезиум, фосфор, бакар и манган. Бразилските ореви се исто така извор на калциум и железо.