

Кето Гранола | Јаткасто Овошје и Цимет
325.00 ден
Замислете храна што е толку разновидна и можете да ја консумирате во секој период од денот, самостојно или со вашите омилени додатоци. Тоа е Виталиа кето гранола, совршено крцкава, со пријатна арома на цимет и уникатен микс од лешник, бадем и орев. Како дел од кето исхраната, 1 порција од 55g обезбедува 17% енергија со само 3g јаглехидрати и без грам шеќер.
Тежина | 280 g |
---|---|
Функционалност | , , , |
Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.
Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.
Карактеристики на производот:
- Без додаден шеќер
- Без глутен
- Извор на протеини
- Со високо количество растителни влакна
4 супени лажици (55g) гранола се потопуваат во 100мл млеко или јогурт и се консумира веднаш.
Нутритивна вредност | 100 g |
---|---|
Енергија | 2636КЈ/630kcal |
Масти | 52 g |
од кои заситени | 40 g |
Јаглехидрати | 17 g |
од кои шеќери | 0.6 g |
Полиоли | 11 g |
Влакна | 9.5 g |
Протеини | 18.7 g |
Сол | 0.4 g |
Глутен | < 20 mg/kg |
НУТРИТИЕНТИ
ПО ПОРЦИЈА
ШЕЌЕРИ
ПРОТЕИНИ
ЈАГЛЕХИДРАТИ

Бадеми
Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Цимет
Циметот е зачин од внатрешниот дел на дрво. Вкусот на циметот се должи на ароматичните есенцијални масти. Богато е со витамин К, Е, калциум, железо и цинк.

Лешник
Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Протеин од сурутка
Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.

Семки од Тиква
Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции.

Ореви
Оревите се особено богати со полинезаситени масни киселини кои го редуцираат ризикот од коронарна срцева болест. Тие се идеални за консумација наутро за зголемување на мозочната активност.