Овесна Каша | Малина

32.00 ден

Виталиа Овесната Каша со малина е тука за сите ваши здрави утрински почетоци. Овој пат кон мисијата за здравје ги вклучивме киноа снегулките како извор на сите есенцијални амино киселини потреби за правилна синтеза на протеини во нашето тело. Овесните каши се карактеристични по својот богат извор на растителни влакна кои даваат пријатно чувство во стомакот.

Тежина 60 g
Додадете производи од вредност над 850.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.
2 Личности го разгледуваат производот во овој момент
SKU: 1100013 Категорија
Опис

Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок?

Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање. Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи.

Ако го обожавате слатко киселиот вкус на малината, вашиот избор за здрав појадок нека биде Виталиа овесна каша со малина.

Карактеристики на производот:

  • Посно/Веган
  • Збогатена со 8 Б витамини
  • 73% овесни снегулки од цело зрно
  • Содржи суперхрана киноа
  • Извор на растителни влакна
  • Мало количество заситени масти

Овесот е житарка со извонредни карактеристики и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдневно мени.

Малината го дава извонредниот вкус на oвесната каша со малина. Богата е со витамин Ц, минерали (манган, магнезиум, железо) и е богат избор на растителни влакна.
Хранлив и здрав оброк за сите кои се хранат здраво и практикуваат здрав начин на живот. Погодни за вегетаријанци и вегани.

 

Подготовка

Подготовка: Целото пакување (55г) потопете го во 120 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 2 мин.