

Премиум Протеински Бар | Карамела
73.00 ден
Ви го претставуваме новиот протеински бар со вкус на карамела – совршена комбинација на вкус и нутритивност наменет за фитнес ентузијасти и за постигнување на врвни перформанси.
Тежина | 45 g |
---|---|
Функционалност | , |
Посветивме особено внимание во обезбедување на квалитетни протеини за вашето фитнес патување, со комбинација на три премиум протеини: млечен протеин, протеин сурутка изолат и колаген.
Оваа моќна комбинација обезбедува внес на 35% протеин и целосен аминокиселински состав кој ќе помогне во градење на мускулна маса, брзо опоравување по вежбање и регенерација на мускулното влакно.
- Без додаден шеќер
- Збогатен со магнезиум
- Со високо количество на растителни влакна
Консумацијата на протеинските барови е веќе неизбежен тренд во здравата исхрана, особено меѓу фитнес ентузијастите и луѓето што сакаат да живеат здраво. Со брзиот животен стил и потребата за практични оброци, протеинските барови нудат идеално решение за задоволување на потребите за протеини, без внес на додадени шеќери. Нашиот премиум протеински бар со карамела ги задоволува сите овие барања, спојувајќи извонреден вкус, хранливост и квалитет.
Нутритивна вредност | 100 g/r |
---|---|
Енергија | 2223.5 КЈ/529.4 kcal |
Масти | 31.8 g |
од кои заситени | 3.8 g |
Јаглехидрати | 37.6 g |
од кои шеќери | 12.8 g |
Влакна | 6 g |
Протеини | 20.2 g |
Сол | 0.9 g |
ПРОТЕИНИ
ЗАСИТЕНИ МАСТИ
РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА

Темно чоколадо
Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

Екструдиран ориз
Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Кикирики
Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.

Млеко
Млекото е бела, високонутритивна течност која произлегува од млечните жлезди на цицачите. Богато е со калциум, комплетен протеин и други нутритиенти како Б витамини. Има висока биорасположивост.

Карамела
Карамелата е уникатна состојка дериват од термички обработен шеќер. Има слатко-горчлив вкус и е одличен додаток во десерти, овесни каши и печива.

Протеин од сурутка
Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.

Путер од кикирики
100% природен путер од кикирики, кој содржи само печени кикирики и хималајска сол. Претставува извор на витамини и минерали како што се Б и Е витамини и магнезиум, цинк, фосфор.