Протеински Бар | Кикирики и Млечно Чоколадо
77.00 ден
Виталиа Протеинските Барови со кикирики и млечно чоколадо претставуваат високо протеински барови со 35% протеини (21g протеини во 60g бар). Тие одржуваат одличен баланс на нутритиенти посебно дизајнирани за спортско активни лица. Како извор на јагленохидрати, протеини и масти, ги задоволува потребите за брзо ослободување на енергија и градење на мускулна маса.
| Тежина | 60 g | 
|---|---|
| Функционалност | , | 
Новa природнa енергија за спортски активните лица. Почувствувајте го вкусот на енергијата со Виталиа Протеинскиот Бар со кикирики и прелив од млечно чоколадо.
Протеинската основа на овој бар е креирана од: протеини од сурутка, природните протеини на кикириките и природните протеини на семето киноа. Протеинските барови содржат ниско количество на натриум, и се засладени се со мало количество на нерафиниран кафеав шеќер (Демерара). Тие содржат семе од киноа кое е супер храна која не содржи глутен и е богат природен извор на протеини.
Виталиа Протеинските барови се идеален оброк за задоволување на вашите фитнес цели.
Секој бар содржи 21g протеин на порција.
Протеинот придонесува за раст и одржување на мускулна маса, како и одржување на нормални коски.
Се препорачува за консумација после тренинг за враќање на силата и енергијата.
Не се препорачуваат на лица под 16 годишна возраст како и за бремени жени и доилки.
| Нутритивна вредност | 100 g | 
|---|---|
| Енергија | 1815kJ/432.2kcal | 
| Масти | 18.8 g | 
| од кои заситени | 5.7 g | 
| Јаглехидрати | 30.0 g | 
| од кои шеќери | 9.8 g | 
| Влакна | 7.5 g | 
| Протеини | 32 g | 
| Сол | 0.2 g | 
ПРОТЕИНИ
ШЕЌЕРИ
ЗАСИТЕНИ МАСТИ
 
					Соја снегулки
Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.
 
					Стевиа
Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот
 
					Кикирики
Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.
 
					Протеин од сурутка
Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.
 
					Чоколадо
Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.
 
					Киноа
Киноата, исто така наречена "мајка на сите зрна", ги содржи сите есенцијални аминокиселини и е одличен извор на манган и фосфор, како и диетални влакна, фолна киселина и диетални минерали. Природно без глутен.
 
	 
		
 
				 
				 
		 
		 
		 
		 
		 
		 
		 Мусли и Житарици
Мусли и Житарици Овесни Каши
Овесни Каши Барови
Барови Ужина
Ужина Засладувачи
Засладувачи Напитоци и Чаеви
Напитоци и Чаеви Масла, Семиња, и Тестенини
Масла, Семиња, и Тестенини Намази и Зачини
Намази и Зачини Производи од Соја
Производи од Соја