Протеинско Топче | Кикирики и Суво Грозје
57.00 ден
Иновативен рецепт и технологија применета за да се создаде единствен облик на топка со супериорна нутритивна вредност. Оваа протеинска топка е преполна со протеини добиени од протеини од грашок, што ја прави идеална за поддршка на вашите тренинг цели, без оглед на вашиот животен стил, бидејќи протеините придонесуваат за оджување и раст на мускулна маса. Засладено со сируп од урма и јаворов сируп претставува најдобрата здрава ужинка. Додадените кикирики и суво грозје нудат дополнително нудат и одличен вкус.
| Тежина | 40 g |
|---|
Придобивки од консумирање протеини:
- Одржување и раст на мускулна маса
- Одржување нормални коски
Консумирајте 1 протеинска топка секојдневно како ужинка во движење или помеѓу оброци. Откако ќе се отвори да се консумира во рок од 24 часа. Погодно за вегетаријанци / вегани и лица нетолерантни на глутен. Направете промена од вашите редовни протеински барови и шејкови- овие мали топчиња од хранливи материи се совршени за земање со вас каде и да одите, а вие можете да ги уживате без вина.
| Нутритивна вредност | 100 g/r |
|---|---|
| Енергија | 1466 КЈ/349 kcal |
| Масти | 6.8g |
| од кои заситени | 3.4g |
| Јаглехидрати | 43 g |
| од кои шеќери | 30.4g |
| Влакна | 12.5 g |
| Протеини | 22.6g |
| Сол | 0.40 g |
| Глутен | <20 mg/kg |
НУТРИТИЕНТИ
ПО ПОРЦИЈА
РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
ПРОТЕИНИ
ЗАСИТЕНИ МАСТИ
Овесни Снегулки
Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.
Карамела
Карамелата е уникатна состојка дериват од термички обработен шеќер. Има слатко-горчлив вкус и е одличен додаток во десерти, овесни каши и печива.
Семки од Сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.
Јавор
Јаворот е дрво од кое се вади сокот и се вари за да се производе јаворов сируп. Потребни се 40 литри на сладок јаворов сок за да се направи 1 литар од сируп. Богат со антиоксидантни, минерали и полифеноли.
Кокосово масло
Кокосовото масло се екстрахира од кокос и содржи високо количество масни киселини кои го поттикнуваат согорувањето на мастите, го обезбедуваат телото со брза енергија, го покачуваат добриот HDL холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Протеин од Грашок
Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.
Екструдиран ориз
Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело
Сируп од урма
Сирупот од урма е вкусна и здрава замена за шеќер. Богат е со полифеноли кои се моќни антиоксиданти и имаат антибактериски карактеристики. Богатиот состав со железо го намалува ризикот од развивање анемија.
Какао
Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.
Суво грозје
Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

Мусли и Житарици
Овесни Каши
Барови
Ужина
Засладувачи
Напитоци и Чаеви
Масла, Семиња, и Тестенини
Намази и Зачини
Производи од Соја