Овој Raw bar претставува вкусен микс од уникатни 100% сирови состојки, со минимално процесирање, при што сите нивни нутритиенти ја задржуваат нивната оригинална нутритивна вредност.
Урмата се смета за едно од најздравите овошја во светот, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, 100г урми содржат 90мг на железо, што е 11% од дневните препорачани вредности. Урмата е исто така богата со витамин Б6 што влијае позитивно врз расположението и лачењето на серотонин. Смоквата со својот сладок вкус, содржи големо количество на растителни влакна, калиум, калциум, фосфор.
Овие минерали се посебно корисни за зацврстување на коските, да се спречи загубата на калциум како и за превенција против респираторни заболувања. Индискиот орев е уникатна намирница коjа е препознатлива по придобивките за срцето и крвните садови. Индискиот орев е богат со бакар, кој помага во елиминација на слободните радикали од телото и со тоа во намалување на ризикот од анемија. Што е посебно за индискиот орев е неговата содржина на биоактивната компонента ( пигмент) зеаксантин која е директно апсорбирана од ретината во окото и помага во одржување на здрави очи при процесот на стареење.
Пробајте ги Raw bars за секојдневно здраво и вкусно уживање во секој момент од денот. Останете енергични и подготвени за сите предизвици со овој високонутритивен оброк! Погодни за вегани и лица интолерантни на глутен. Без додаден шеќер!