[ycd_countdown id=20006]

Благодариме на неверојатниот интерес 😊

На првата Vitalia детска трка имаме преку 1.200 пријавени деца и спремни сме за трчање! Фала ви 😊

Со оваа бројка капацитетот на настанот е комплетно пополнет и регистрацијата е завршена.

Што треба да знаете?

Трчаме на 24.09 во Градскиот Парк во Скопје (види мапа подолу) и трката почнува во 12 часот.

Важно - Регистрацијата и подигањето на бесплатните пакети и маички ќе трае од 08:00 до 11:00.

Поделени сме во 4 бои според возраста.

Зелена: 6 - 7 години
Жолта: 8 - 9 - 10 години
Портокалова: 11 - 12 години
Црвена: 13 - 14 години

Пронајдете го пултот соодветен за вашата боја и подигнете си го бројчето за трчање.

Поважно – сите пријавени деца учествуваат во лотарија на крајот на трката, затоа земете го своето бројче на време.

Најважно – сите се победници 😊

Се гледаме во Градски парк на 24.09!