НАГРАДИ
На “Алтра Вита “ Саемот за Здрава Храна и Алтернативна Медицина во Скопје 2004 година, ВИТАЛИА беше наградена со медал за одличен квалитет и вкус за палетата на Диеталните џемови направени од свежо овошје според традиционалниот Македонски рецепт.
На 18.02.2003 Македонската Трговска Комора ја награди ВИТАЛИА со златна плакета за одлични достигнувања и пораст на приозводството и економијата. Оваа награда ја потврдува 10 годишната успешна работа во полето на производство и трговија со здрава храна.
На 70 Интернационален Саем за Земјоделство одржан во Нови Сад –Србија и Црна Гора 2003 година, ВИТАЛИА беше наградена со медал за одличен квалитет и вкус на ладно цедените масла.
На 17.05.2002 Војводинската Трговска Комора ја награди ВИТАЛИА за одличен дизајн на производите за здрава храна.
|