Виталиа Супербренд
Виталиа со гордост објавува дека е наградена до престижниот СУПЕРБРЕНД статус
Со оваа награда се потврдува значењето на брендот Виталиа во индустријата која ја покрива и квалитетот на производи кои го нуди. Исто така оваа награда се однесува за доминантноста на пазарот за здрава храна во Македонија и 16 годишното успешно постоење.
По гласањето од страна на педесет члената комисија на бизнис експерти, компанијата за здрава храна Виталиа е прогласена за Супербренд во Македонија, присутен и успешен на пазарот веќе 15 години.
Виталиа е дел од групата Македонски компании кои се избрани за водечки бренд на македонскиот пазар. Светски познатата организација SuperBrand International за првпат организира вакво гласање во Македонија, иако ваквите рејтинзи веќе се воспостаени во 82 земји. Во изборот во Македонија во конкуренцијата беа влезени 800 домашни компании од најразлични индустрии.
Која компанија го добива статусот на Супербренд?
Во секоја земја каде што Superbrands работи, избира Совет на Супербренд, кој најчесто се состои од експерти по индустрии и практичари, кои ги селектираат Топ Брендовите под различни категории и ги наградуваат со статусот "Superbrands".
Критериумите кои што треба да ги исполнуваат брендовите за да бидат поканети да учествуваат во Superbrands проектот се: доминантност на пазарот, години на постоење на пазарот, лојалност кон купувачи, благонаклоност и прифаќање од пазарот. |