Фирмата за производство на здрава храна ВИТАЛИА доо успешно го имплементира системот за управување со безбедност на храна BRC/HACCP.
Примената на стандардот преку имплементирање на системот BRC/HACCP и овозможува на компанијата да ја унапреди веќе стекнатата доверба кај своите потрошувачи преку зајакнати стандарди за безбедност на своите производи.
BRC/HACCP системот овозможува управување со безбедноста на храната и нејзиниот квалитет при производството на прехранбени продукти како едни од основните предуслови за градење на извозните потенцијали и конкурентост на домашните производи, што особено се однесува на извозот во земјите членки, односно кандидатки за членство во Европската Унија.
Имплементацијата на HACCP системот е во согласност со стандардите утврдени од Британскиот Конзорциум на Малопродажни Ланци (BRC), како едни од најрелевантните и најрестриктивните европски стандарди во овој домен.
Повеќемесечните активности кои вклучија приспособување на производствените капацитети и воспоставување на постапки и работни процедури со цел воведување на овој систем се заокружени на крајот на август 2005 кога компанијата доби сертификат за примена на BRC/HACCP системот (Анализа на Опасности и Критични Контролни Точки).
Инспекцијата е спроведена од страна на EFSIS (Европски сервис за инспекција на здравствена исправност на храна), една од водечките сертификациони компании во светот, акредитирана од релевантните тела на Европската Унија. По успешно спроведената инспекција ВИТАЛИА го доби највисоко ниво на сертификација.
HACCP дополнително е значаен од аспект на хармонизирање на законодавството за безбедна храна на Македонија со регулативите на ЕУ каде што HACCP од јануари 2006 станува задолжителен за сите прехранбени капацитети кои ги пласираат производите на пазарите на Европската Унија.
BRC/HACCP стандардите вклучуваат низа на барања кои ВИТАЛИА доо успешно ги имплементира и кои во идниот период континуирано ќе ги спроведува и тоа: управување со квалитет, следливост и отповикување на производите, процедури за хигиена, контрола на производството, обука на вработените, интерни проверки итн.
Што значи НАССР системот?
Воведување на НАССР систем
НАССР е систем на безбедност на храната заснован на седум принципи со кои на ефикасен начин се осигурува потполна здравствена безбедност на прехранбените производи во сите сегменти на призводство и преработка. Овој систем овозможува да се одреди и процени кои се критичните точки за контаминација на производите како и да се осмислат инструментите на контрола. За разлика од традиционалниот инспекциски преглед на производот на крајот од производствениот процес, НАССР представува интегриран превентивен систем кој ја осигурува безбедноста на храната во секој дел од процесот на производство и дистрибуција и допринесува за смалување на ризикот по здравје на граѓаните. НАССР е логичен, научно заснован систем на контрола на процесот на производство и дистрибуција на прехрамбените производи кој овозможува:
-идентификација и проценка на сите можни опасности од физичко, хемиско и микробиолошко потекло во сите фази на процесот на производство на прехрамбените производи;
-одредување на мерки неопходни за нивна превенција и контрола;
-обезбедување да тие мерки бидат успешно спроведени на ефеkтивен начин.
Самиот НАССР систем се состои од две основни компоненти: НА и ССР. СА представува анализа на ризикот, односно идентификација на опасноста во секоја фаза на производството на храна и проценка на нивната штетност по здравје на човекот. ССР (критични контролни точки) представува постапки во производството во кои може да се спречи и елиминира ризикот по сигурност на храна или неговото влијание да се сведе на прифатливо ниво.
НАССР е флексибилен систем, се прилагодува на сите видови производи и во секој дел од ланецот на производство, дистрибуција и ракување со храната.
Сите гранки на прехрамбената индустрија кои треба да имаат НАССР систем се:
1. производство, преработка и пакување;
2. складирање, транспорт и дистрибуција;
3. припрема и дистрибуција на храна за потребите на болниците, детските установи, хотелите, рестораните, авионските и другите компании;
4. трговија, малопродажба и угостителство;
5. органска прехрамбена индустрија.
Квалитетот и сигурноста се најзначајни во производството и дистрибуцијата на храна. НАССР гарантира дека претпријатието произведува храна на најдобар и најбезбеден начин. Во светот, снабдувањето на потрошувачот со безбедни и висококвалитетни прехрамбени производи е се позначајно. Поради тоа увозниците од Европските и другите развиени земји (САД, Јапонија) бараат, производството на храна од нивите и фармите па се до завршното пакување да биде во согласност со строги хигиенски правила. Затоа секој поединец кој поседува, управува или работи со производство на храна од земјите од Европска Унија мораат да воведат систем на безбедност НАССР.
Принципи на системот
Основните принципи на НАССР системот се: анализа на потенцијалните опасности (НА), идентификација на критичните контролни точки (ССР), утврдување на критичните граници за секој, утврдување на корективни мерки за состојби надвор од критичните граници и воспоставување на процедури за проверка.
При тоа, НАССР не е независен програм, туку е дел од поголем систем на контрола кој вклучува и спроведува универзални процедури кои, се применуваат за контрола на општите услови и допринесуваат безбедност на производот. Програмите кои треба да бидат усвоени, применети и документирани се:
1. GMP - добра производствена пракса;
2. SOP – стандардни оперативни процедури
3. SOOP – стандардни оперативни процедури на хигиена.
Предности
Предностите на примената на HACCP системот се во тоа што се редуцираат болестите од храна, ги обезбедуваат граѓаните со здравствено безбедни и прехрамбени производи, овозможуваат исполнување на законските регулативи и поефикасено инспекциско надгледување, поефективна работа на прехрамбените произведители, ја зголемува конкурентноста на светскиот пазар, овозможува ефикасно воведување на нови технологии и производи и го зголемува профитот.


|