|


|
Донација на Виталиа за народната кујна “Ранка Милановиќ”
Виталиа, реномираниот производите на здрава храна во регионов, повторно донираше пакет производи во Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци “Ранка Милановиќ”, каде се приготвува храна за сите народните кујни на територија на град Скопје. Преку народните кујни корисниците на социјална помош добиваат по еден топол оброк дневно. |
Виталиа на Fancy Food Show во New York
Познатиот етаблиран производител на здрава храна,компанијата Виталиа, во периодот од 27-29 јуни учествуваше на реномираниот саем за храна во New York, Fancy Food Show 2010. |
Виталиа дел од велосипедската трката КРИТЕРУМ ЕНЕРЏИ
Викендов на 29 мај 2010 на Плоштад Пела, Скопје се одржа велосипедската трка КРИТЕРИУМ ЕНЕРЏИ, организирана од страна на велосипедскиот клуб Енерџи. Виталиа како спонзор на настанот го подржа истиот со доделување на поклони за сите 15 првопласирани од 5 категории, а исто така натпреварувачката атмосвера ја дополни со организирање на дегустација на линијата на мусли баровите. |
Виталиа и Скопски Пазар заедно за подобра едукација на продажниот персонал
Виталиа во изминатиов период одржа неколку предавања на тема здрава храна на продажниот персонал на Скопски пазар. Целта на предавањата беше вработените во маркетите, кои секојдневно се во контакт со крајните купувачи, подобро да се запознаат со карктеристиките на сите производи на Виталиа и бенефитите од нивното конзумирање. Сето тоа ќе придонесе за подобро информирање на крајните купувачи при избор или купување на производ од палетата на Виталиа. |
Виталиа ги поддржува младите и спортот
Изминатиов викенд во општина Гази Баба се одржа првата трка во планински велосипедизам во организација на велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје. Виталиа како еден од спонзорите на клубот го поддржа настанот со доделување на поклони со здрави производи на првопласираните од сите категории.  |
Нов дизајн на вегетабилните млека Ценети потрошувачи,
Виталиа има ново изненадување за Вас. Добро познатите вегетабилни млека So Vita и RiceVita на Виталиа се освежени со нов модерен дизајн. |
Прв настап на Виталиа на “Brand Fair 6“ во Белград
Компанијата Виталиа доо , водечки производител на здрава храна во регионот, неодамна за прв пат учествуваше на 6-тото издание на “Brand Fair” во Белград во рамките на штандот на Стопанска комора на Македонија. |
Промоција на диет линијата на Виталиа
Виталиа, етаблиран производител на здрава храна во регионот, по повод Светскиот ден на Дијабетичарите на 14 ноември (сабота) организира промоција на својата диет линија на производи проследена со дегустации, дружење и поклони. Дегустациите ќе се одвиваат на следниве локации: Веро Капиштец од 10 до 15 часот и Рамстор Центар од 13 до 18 часот.  |
Виталиа добитник на сертификат за “Почисто Производство”
Виталиа, етаблиран производител на здрава храна во регионот, е добитник на сертификат за успешно учество во програмата “Почисто Производство”, издаден од страна на Националниот центар за почисто производство на РМ во соработка со УНИДО, агенција на Обединетите Нации за промоција на индустриското производство во земјите во развој. |
Успешен настап на Виталиа на Ануга 2009
Компанијата Виталиа која е етаблиран лидер во производство на здрава храна во регионот, во периодот од 10-14 октомври учествуваше на реномираниот саем за храна Ануга 2009 во Келн, Германија. |
Поддршка на Виталиа за младите студенти-фармацевти од македонија
Виталиа оваа година партиципираше во реализација на научно – истражувачкиот проект “Шар Планина 2009” организиран од младите фармацевти во Македонија. |
Хумана мисија на ВИТАЛИА во Центарот за ментално здравје “Влае”
Виталиа повторно ја искажа својата хуманост со донација на здрава храна во Центарот за ментално здравје “Влае”, интегриран дел на ЈЗУ психијатриска болница “Скопје” – Скопје. |
Донација на Виталиа за народните кујни
Виталиа, компанија за производство и трговија со здрав храна, донира пакет производи во Заводот за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци “Ранка Милановиќ”, каде се приготвува храна за сите народните кујни на територија на град Скопје. Преку народните кујни корисниците на социјална помош добиваат по еден топол оброк дневно. |
Виталиа го освои Титов Врв
На 30 и 31 Мај 2009 г. (сабота и недела) дел од вработените на Виталиа учествуваа на 28то традиционално искачување на највисокот врв на Шар Планина “ТИТОВ ВРВ 2009”. |
Виталиа ги поддржува младите и спортот
Виталиа доби благодарница за значаен придонес во успешната реализација на Малите Олимиски Игри “ГАЗИ БАБА 2009”. |
Виталиа одржа едукативно предвање за здрава храна во ОУ “Војдан Чернодрински”
Виталиа, по барање на тимот на психолози и педагози од ОУ “Војдан Чернодрински”, одржа едукативно предавање за здрава храна на учениците од трето и четврто одделение.
 |
Виталиа SUPERBRAND
По гласањето од страна на педесет члената комисија на бизнис експерти, компанијата за здрава храна Виталиа е прогласена за Супербренд во Македонија, присутен и успешен на пазарот веќе 15 години. |
НОВОСТИ Виталиа со Кошер сертификат
Компанијата за здрава храна Виталиа го збогати своето портфолио со уште еден светски познат сертификат. По добивањето на сертификат за органско производство, Виталиа со гордост се сертифицира и со сертификатот познат под името Кошер. |
Виталиа добитник на Сертификат за добро корпоративно управување
Македонската компанија за здрава храна Виталиа освои сертификат за “Компанија со добро корпоративно управување 2008” во изборот организиран од Транспарентност - Нулта корупција во соработка со Стопанска Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија. |
НОВОСТИ ВИТАЛИА учествува на SIAL 2008 во Париз
Од 19- 23 Мај 2008, компанијата за производство на здрава храна ВИТАЛИА Никола ДОО учествуваше на овогодинешниот меѓународен саем за храна SIAL во Париз. |
Новости Донација на ВИТАЛИА по повод Светскиот Ден на Храната
Компанија за здрава исхрана ВИТАЛИА, по повод Светскиот ден на храната, 16ти октомври, додели пакет производи на децата од посебното основно училиште „Иднина“ - Скопје. |
Новости МАДОНА користи производи на ВИТАЛИА
Познатата кралица на поп музиката Мадона во својот фрижидер има производи на македонската компанија за здрава храна ВИТАЛИА, пренесува ТВ прилогот на националната телевизија RTCG, саботата, 27.09.2008, веднаш по заминувањето на поп ѕвездата од Будва, пренесуваат дневните весници Дневник и Вест. |
НОВОСТИ Производите на ВИТАЛИА влегоа во понудата на интернационалната дрогерска куќа DM
Од август 2008, ВИТАЛИА започна со дистрибуција на своите производи во DM DROGERIE MARKT, на територијата на Србија. |
НОВОСТИ Прв извоз на ВИТАЛИА кон Албанија
По проширувањето на својата извозна мрежа со европските земји Чешка и Словенија, компанијата за производство на здрава храна ВИТАЛИА го реализира и својот прв извоз кон соседната земја Албанија. |
НОВОСТИ Две нови Европски земји во извозната мрежа на ВИТАЛИА
Во јули 2008, компанијата за производство на здрава храна ВИТАЛИА Никола ДОО ги оствари своите први извози кон европските земји Чешка и Романија. |
НОВОСТИ НОВОСТИ
Од Март 2008 год. производите на ВИТАЛИА се дел од дитрибутивната мрежа на београдската дистибутерска куќа ЕРМА која е специјалазирана за дистрибуција на лекови и работи со над 1000 аптеки ширум Србија. |
новости ЕБор ќе инвестира во ВИТАЛИА
Виталиа, водечкиот производител на брендирана здрава храна во Македонија, ќе го прошири своето работење со помош на инвестицијата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од еден милион евра во компанијата. |
новости ВИТАЛИА го направи својот прв извоз во Гана
По освојувањето на пазарите на Балканот, Европската Унија, Америка и Канада, ВИТАЛИА започнува со освојување на Афричкиот пазар. North African Food and Drug Administration даде зелено светло откако примероците од производите од палетата на ВИТАЛИА ги поминаа сите тестови и задоволија бараните критериуми. |
новости новости
ВИТАЛИА учесник на PLMA Амстердам 2008
Со задоволство Ве информираме дека ВИТАЛИА Никола доо ќе учествува на овогодинешниот меѓународен саем за трговија „ World of Private Label“ во Амстердам. |
новости виталиа единствена македонска компанија учесник на EBRD форумот во Рим
На 05- 06 јуни 2008, компанијата за производство на здрава храна ВИТАЛИА Никола ДОО учествуваше на Форумот за Западен Балкан во Рим организиран од Министерството за економија и финансии на Италија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД).
 |
|
| |
 |
|
|
|