Новости

Виталиа ја доби наградата за „Македонски квалитет“ за 2023

Компанијата за здрава храна Виталиа ја доби наградата за „Македонски квалитет“ за 2023 година, која им беше доделена на церемонијата организирана од Сојузот на стопански комори на Македонија. Вкупно десет компании од различни дејности го добија ова престижно признание, кое традиционално го врачува Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во име на Виталиа, наградата ја прими г-ѓа Искра Ветаџокоска-Муцунска, ко-сопственичка и управител на компанијата. Водена од посветеноста на бескомпромисен прогрес и квалитет, Виталиа ја испишува својата успешна приказна веќе 30 години, одбележана со значителен придонес за националната економија, постојано растечко глобално присуство, инвестирајќи во едукација и креација на здрава храна за секого, грижејќи се за секојдневните потреби на денешниот современ потрошувач.

Ни претставува особено задоволство тоа што наградата за Македонски квалитет ја добиваме во нашата јубилејна, 30-та година од постоењето, со што заокружуваме еден исклучително успешен период за Виталиа. Иако во последната деценија успеавме да го прошириме влијанието на Виталиа и да бидеме присутни на 5 различни континенти, сепак не забораваме дека започнавме токму тука и македонскиот пазар и домашните потрошувачи ни остануваат приоритет. Затоа, ви благодариме за довербата и за овие долги години лојалност на нашиот бренд”.

– изјави  г-ѓа Искра Ветаџокоска-Муцунска.

Ова признание не само што ги препознава исклучителните производи на Виталиа, туку и ја нагласува улогата на оваа компанија како амбасадор на Македонија. Со визионерски пристап и фокусирање на подигнување на стандардите на здравата исхрана, Виталиа го олицетворува духот на токму ова признание што го добива во овие тешки времиња. Додека Виталиа продолжува да блеска на глобалната сцена, истовремено поставува и репер за индустријата, отелотворувајќи ја суштината што значи да се биде македонска гордост.

„Сведоци сме дека многу земји се борат со високата инфлација која ги осиромашува граѓаните и им штети на бизнисите. Не е ни малку лесно да се продолжи со успешна работа и да се остварува профит, при тоа да се задржува и унапредува квалитетот на производите”, истакна Претседателот Пендаровски, нагласувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат многу земји.

Овој настан, кој се одржува секоја година под покровителство на претседателот, служи како доказ за посветеноста на македонските компании за извонредност, економски напредок и меѓународно признание.

Уште од 1993 година, кога Виталиа за првпат ѝ го претстави концептот за здрава храна на македонската јавност, се забележува моќниот ефект кој компанијата го има на нашиот пазар, како со своите производи, така и со постојаната едукација за придобивките од водење на здрав живот. Цели три децении се гради приказната на Виталиа, која зад себе го остава најуспешниот период досега и симболично ја завршува јубилејната година со престижно признание за успехот и квалитетот на работата. Позитивните примери треба да се поддржуваат и истакнуваат, а Сојузот на стопански комори не дозволи добрата работа на Виталиа да помине незабележана.