Новости
Виталиа на FMCG Summit Македонија 2025 – место каде инспирацијата се среќава со иновацијата
Виталиа беше еден од најголемите поддржувачи на овогодинешниот FMCG Summit Македонија, најзначајниот настан кој ја обединува индустријата на брзопотрошувачки производи, маркетинг експерти и визионери од регионот. Настан исполнет со идеи, современи трендови и инспиративни предавања, кои отвораат нови перспективи за развој и иновации во светот на трговијата и брендовите.


Тимот на Виталиа, составен од претставници на одделите за Маркетинг и Продажба, како и од Менаџментот беше присутен на самитот и ги следеше панелите посветени на иднината на FMCG индустријата, промените во потрошувачките навики и новите стратегии на пазарот. Настанот претставуваше одлична можност за размена на искуства, инспирација и идеи кои го движат нашиот тим напред.

На штандот на Виталиа, посетителите имаа можност да ги дегустираат нашите иновативни производи, меѓу кои и најновиот Протеински бар со вкус на ф’стак, кој со својот неодолив вкус и висок нутритивен квалитет го привлече вниманието на сите љубители на здравата исхрана. Покрај него, посебен интерес побуди и нашата детска линија „Happy Little Adventures“, создадена со љубов и посветеност кон најмладите – како поттик за здрави навики уште од најрана возраст.

Со секое вакво учество, Виталиа ја потврдува својата улога како иноватор и двигател на здравите трендови, но и како бренд кој учи, расте и се инспирира заедно со своите потрошувачи. FMCG Summit е повеќе од настан, тоа е средба на визии, знаења и вредности кои нè потсетуваат зошто го сакаме она што го работиме: да создадеме поздрав свет, чекор по чекор.


Мусли и Житарици
Овесни Каши
Барови
Ужина
Засладувачи
Напитоци и Чаеви
Масла, Семиња, и Тестенини
Намази и Зачини
Производи од Соја