Едукативно, Исхрана, Новости

НОВО на пазарот – Вкусен и здрав ВЕГАН-бургер за само 15 минути!

Без разлика дали е инспирирано од желба за промена, здравствени причини или пак од побудата за одржливост и заштита на животната средина, се’ повеќе луѓе бараат начин да го заменат месото со поздрава  посна алтернатива. И додека печурките, модриот патлиџан и сојата можат да се искористат како замена за месо во одредени рецепти – тие не можат да ги заменат вкусот, текстурата, ниту пак ги надополнуваат хранливите својства на месото.

За време на Велигденските пости, сега е идеален момент дури и луѓето кои не практикуваат веган/посен режим на исхрана да им дадат шанса на посните, алтернативни решенија за месо.

ПОСНИТЕ ВЕГАНСКИ СМЕСИ на Виталиа се најновото нешто на пазарот, кои ќе ви помогнат на здрав начин да го замените месото во исхраната и да обезбедите внес на доволно количество протеини. Овие смеси се на база на протеин од грашок и зеленчук, не содржат глутен и соја, а се збогатени со витамин Б12. Истовремено, нивната уникатна формулација содржи највисок процент на комплетни протеини во споредба со слични производи и алтернативи на месо.

Тие доаѓаат во пакувања од 180g, кои се доволни за четири порции, односно од нив се подготвува 400g вкусна смеса која може да ја искористите на начин кој вие сакате.

ПОСНИТЕ ВЕГАНСКИ СМЕСИ на Виталиа се достапни во три вида: со вкус на пилешко, на телешко и смеса со зеленчук и семиња. Конкретно во случајов, ја одбравме смесата со вкус на телешко за да подготвиме вкусен, здрав и посен вегански бургер.

Начинот на подготовка е многу едноставен, бидејќи кога ќе купите ќесичка со смеса од Виталиа – половина од работата ви е веќе завршена. Едноставно, истурете ја содржината од ќесичката во подлабок сад и додадете 300 мл вода и масло по желба. Добро измешајте со рака или лажица и оставете ја да отстои 10 минути. А потоа, обликувајте ја во шницли, топчиња, ќебапчиња, или пак за да го направиме овој бургер – во сочна плескавица. И така лесно, така брзо – имате домашен, вкусен, но и посен бургер, кој можете да го јадете без грижа на совест!

Се проценува дека околу 30% од вкупниот внес на храна на глобално ниво е базиран на месни производи (пилешко, телешко, свинско месо), а во последните три години месните алтернативи завземаат се поголем дел од семејната трпеза. Оваа промена предизвика збогатување на понудата на пазарот, каде се појавија повеќе различни типови на алтернативи за месо, приспособени за секојдневната исхрана на модерниот потрошувач.

Токму новите посни вегански смеси на Виталиа се едни од нив. Содржат висок процент на протеини и растителни влакна и ниско количество на заситени масти, овозможувајќи многубројни здравствени  придобивки . Со нив знаете дека компромис не е потребен – тие ви нудат комплетен оброк кога е во прашање вкусот, но и кога е во прашање функционалноста и квалитетот на состојките.