Новости

Виталиа со нова линија на растителни напитоци: OatVita и RiceVita – вкуснаи здрава револуција

Во духот на Велигденските пости, кога сѐ повеќе луѓе се свртуваат кон растителна и полесна исхрана, Виталиа го претстави најновото засилување во своето портфолио – два инстант растителни напитоци во прав: OatVita и RiceVita. Создадени со целосно природни состојки, посни, без лактоза, без додаден шеќер и без компромис кога станува збор за вкус и хранливост, овие напитоци претставуваат идеална алтернатива на класичното млеко – и тоа во периодот кога телото има најголема потреба од лесна, но квалитетна храна.

Виталиа со нова линија на растителни напитоци: OatVita и RiceVita – вкуснаи здрава револуција

OatVita, базиран на овес, и RiceVita, со ориз како главна состојка, се создадени да го следат динамичното темпо на современиот живот – за само неколку секунди добивате вкусен, кремаст напиток кој лесно се подготвува со додавање на вода. Благодарение на своите природни влакна, овие напитоци обезбедуваат чувство на ситост и помагаат во одржувањето на здрава дигестија, без непријатности или надуеност.

OatVita и RiceVita не се само замена за млеко – тие се нова навикa, нов момент на грижа за себе. Со нивниот нежен вкус, совршено се вклопуваат во утринското кафе, житарици или како замена за млеко во вкусни десерти.

Portrait of gorgeous brunette woman sits on sofa, having her breakfast at home, smiling while eating cereals, holding bowl and spoon and laughing.

И не се работи само за вкус – туку и за енергија. Овесните и оризовите протеини се препорачуваат за одржување на здраво срце и мускулно-скелетен систем, а истовремено не го оптоваруваат телото. Тоа ги прави совршени за сите – од активни лица, до оние што водат сметка за холестеролот или едноставно сакаат нешто поразлично во својот дневен ритуал.

Со OatVita и RiceVita, Виталиа испорачува повеќе од производ – нуди цела филозофија на живеење.

Живеење кое ја вреднува природата, слуша на телото и бара хармонија во секојдневието.

Нека секоја голтка биде потсетник дека здравјето започнува со мал, но свесен избор.
Виталиа со нова линија на растителни напитоци: OatVita и RiceVita – вкуснаи здрава револуција