Диет Џем | Праска
143.00 ден
Диет екстра џем од праска е произведен по традиционален рецепт од 55% свежо овошје кое потекнува од еколошките и чисти овоштарници од Македонија. Засладен е до фруктоза – овошен шеќер и содржи 35% помалку калории во однос на регуларните џемови. Традиционалниот начин на подготовка овозможува диет џемот да ги задржи сите хранливи состојки присутни во плодот. Праските се добар извор на растителни влакна, витамин А, ниацин и витамин Ц. Содржат и бета каротин, кој го зајакнува имунитетот и ги уништува слободните радикали во организмот.
| Тежина | 370 g |
|---|
Бета каротинот е провитамин којшто во организмот се претвора во витамин А. Праската е богата со бор кој ја зголемува мозочната активност и нивото на естроген во крвта кој пак спречува губиток на калциум и деминерализација на коските, а со тоа спречува остеопороза. Диет екстра џемовите на Виталиа не содржат адитиви и конзерванси.
Консумирајте го Диет екстра џем со вишна во комбинација со парче интегрален леб, галети (оризови, пченкарни и мултижитни) или како додаток во десерти и колачи.
Погоден додаток во исхрана за дијабетичари, во консултација со лекар.
| Нутритивна вредност | 100g |
|---|---|
| Енергија | 190 / 807.5 kcal / kJ |
| Масти | 0 g |
| од кои заситени | 0 g |
| Јаглехидрати | 46.8 g |
| од кои шеќери | 42 g |
| Влакна | 0.6 g |
| Протеини | 0.7 g |
| Сол | 0 g |
НУТРИТИЕНТИ
ПО ПОРЦИЈА
МАСТИ
РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
ПРОТЕИНИ
Праска
Праската има биоактивни и фенолни соединенија со анти- угоеност и анти-инфламаторни карактеристики кои можат да го намалат лошиот холестерол кој е поврзан со кардиоваскуларни заболувања.

Мусли и Житарици
Овесни Каши
Барови
Ужина
Засладувачи
Напитоци и Чаеви
Масла, Семиња, и Тестенини
Намази и Зачини
Производи од Соја