Претставува природен производ добиен со екстракција на целото – интегрално јачменово зрно.
По конзистенција е како медот, со темнокафеава боја и со изразен вкус и миризба на слад.
Во својот состав содржи јагленихидрати, протеини, витамини од Б групата ( Б1, Б2, Б4, Б5, Б6), витамин Е и провитамин А, како и минерали ( Na, K, Ca, Mg, Fe).
Минералите и витамините се издвоени со посебна технолошка постапка, со што максимално е зачувана нивната биолошка вредност. Составот на јагленохидратите обезбедува брзо и трајно дополнување на изгубените шеќери.
Малтексот е прифатен во многу семејства, бидејќи помага при отежнато дишење и кашлање предизвикано од хроничен бронхитис и пушење. Се препорачува на деца, бремени жени, реконвалесценти, а особено спортисти бидејќи претставува урамнотежен извор на шеќери и минерали кои се губат при поголем физички напор.
Критики
Нема критики сеуште.