Гранола Бар | Без Додаден Шеќер | Бел Крем

19.00 ден

Максимално уживање во еден залак. Комплетно крцкав, со уникатен вкус на ванила, прелиен со бел крем, новиот гранола бар е вкусна закуска за оние кои бараат авантура и енергетска бомба on-the-go.

Тежина 23 g
Додадете производи од вредност над 816.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.
3 Личности го разгледуваат производот во овој момент
SKU: 1251124 Категории ,
Опис

Максимално уживање во еден залак. Комплетно крцкав, со уникатен вкус на ванила, прелиен со бел крем, новиот гранола бар е вкусна закуска за оние кои бараат авантура и енергетска бомба on-the-go.

100% интегралните овесни снегулки нудат посебен вкус и изобилство на нутритивни придобивки. Тие се богати со влакна -бета глукани кои придонесуваат во регулирање холестеролот во крвта и во редукција на глукозата во крвта по оброкот.

Дополнително овесните снегулки се богати со протеини и витамини А, Б и Д, како и минерали како железо, калциум, фосфор, бакар, цинк.

Со додаден протеин од грашок кој придонесува во одржување на здрави коски.

Засладен со стевиа, без шеќери, вештачки бои и ароми. Грабнете го вашиот гранола бар и енергизирајте се на здрав начин.

НУТРИТИВЕН СОСТАВ
Нутритивна вредност100 g/r
Енергија2079 kJ/495 kcal
Масти23.3 g
од кои заситени8 g
Јаглехидрати57.7 g
од кои шеќери0.9 g
Полиоли12 g
Влакна3.6 g
Протеини11.9 g
Сол0.4 g
0.9g

ШЕЌЕРИ

3.6g

РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА

11.9g

ПРОТЕИНИ

Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Екструдиран ориз

Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Ванила

Ванилата е втор најскап зачин во светот по шафранот. Ванилата е високо ценета поради својот вкус, мирис и одличен додадок во секој производ.

Бел крем

Бел крем е вкусна комбинација за многу барови. Нуди сладок вкус од стевиа и полиоли, без негативни ефекти врз организмот.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Протеин од грашок

Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.