Кето Мусли | Јаткасто Овошје, Чоколадо, и Семиња
298.00 ден
Вкусна комбинација на крцкави мусли, слатко-горчливо темно чоколадо, нутритивно-богати јаткасти плодови и супер семиња. Формулирани со висококвалитетни состојки и само 4g јаглехидрати на порција, кето муслите со јаткасто овошје се одличен избор за вашиот утрински ритуал. Како дел од кето исхраната, 1 порција од 55g обезбедува 14% енергија со само 4g јаглехидрати и ниско количество на шеќери.
| Тежина | 280 g | 
|---|---|
| Функционалност | , , , | 
Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.
Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.
Карактеристики на производот:
- Без додаден шеќер
- Без глутен
- Висок процент на протеин
- Со високо количество растителни влакна
| Нутритивна вредност | 100 g | 
|---|---|
| Енергија | 2251КЈ/536kcal | 
| Масти | 32 g | 
| од кои заситени | 6.5 g | 
| Јаглехидрати | 20 g | 
| од кои шеќери | 5 g | 
| Полиоли | 4 g | 
| Влакна | 6 g | 
| Протеини | 39 g | 
| Сол | 0.3 g | 
| Глутен | < 20 mg/kg | 
НУТРИТИЕНТИ
ПО ПОРЦИЈА
ШЕЌЕРИ
ПРОТЕИНИ
ЈАГЛЕХИДРАТИ
 
					Овесни Снегулки
Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.
 
					Кокос
Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.
 
					Темно Чоколадо
Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.
 
					Екструдиран ориз
Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело
 
					Стевиа
Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот.
 
					Лешник
Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.
 
					Семки од Тиква
Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции.
 
					Индиски Орев
Индиските ореви имаат путерест, сладок и солен вкус со уникатен облик и одличен извор на витамини и минерали. Тука спаѓаат витамините Е, К и Б5 и минералите - бакар, фосфор, цинк, магнезиум и железо.
 
					Семки од Сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.
 
					Какао
Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.
 
	 
		
 
				 
				 
		 
		 
		 
		 
		 
		 
		 Мусли и Житарици
Мусли и Житарици Овесни Каши
Овесни Каши Барови
Барови Ужина
Ужина Засладувачи
Засладувачи Напитоци и Чаеви
Напитоци и Чаеви Масла, Семиња, и Тестенини
Масла, Семиња, и Тестенини Намази и Зачини
Намази и Зачини Производи од Соја
Производи од Соја