Кето Пралине | Путер од Кикирики

Original price was: 108.00 ден.Current price is: 86.00 ден.

Вкусен и здрав кето десерт формулиран од квалитетно темно чоколадо и кремаст путер од кикирики и крцкави јаткасти плодови. Овие слатки пралине се совршена нискојаглехидратна ужина и десерт, со крцкава текстура и одличен вкус. Како дел од кето диеата, една порција кето пралини (24g) обезбедува 5.8g јаглехидрати и 7% од потребната енергија за утринска или попладневна ужина/десерт.

Тежина 72 g
Додадете производи од вредност над 798.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.
2 Личности го разгледуваат производот во овој момент
Опис

Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.

Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.

Карактеристики на производот:

  • Ниско количество на јаглехидрати
  • Без додаден шеќер / ниско количество на шеќери
  • Извор на протеини
  • Со високо количество растителни влакна

 

 

Дозирање

Препорачана употреба: 1-2 порции кето пралине како утринска или попладневна ужина/десерт.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ
Нутритивна вредност100 g
Енергија2634kJ/627kcal
Масти47.8 g
од кои заситени11.9 g
Јаглехидрати27.7 g
од кои шеќери1.7 g
Влакна6 g
Протеини18.5 g
Сол0.3 g

 

НУТРИТИЕНТИ

ПО ПОРЦИЈА

1.7g

ШЕЌЕРИ

18.5g

ПРОТЕИНИ

27g

ЈАГЛЕХИДРАТИ

Овесни Снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Темно Чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот.

Пченкарни Снегулки

Пченкарните снегулки се житарки добиени со процесирање на снегулките од пченка. Богати се со јаглехидрати, протеини, магнезиум и железо, витамин Б 12, Б6 како и витамин Д и А.

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Јачменов Слад

Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65%малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.

Кикирики

Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.

 

Киноа Снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Индиски Орев

Индиските ореви имаат путерест, сладок и солен вкус со уникатен облик и одличен извор на витамини и минерали. Тука спаѓаат витамините Е, К и Б5 и минералите - бакар, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Путер од Кикирики

100% природен путер од кикирики, кој содржи само печени кикирики и хималајска сол. Претставува извор на витамини и минерали како што се Б и Е витамини и магнезиум, цинк, фосфор.