Овесни Крекери | 7 Семиња
56.00 ден
Барате совршено крцкава закуска? Формулиравме нов вкус на нашите добро познати овесни крекери-со мешавина од 7 семиња. Седумте семиња, присутни дури 31% – лен, тиква, чиа, сончоглед, сусам, црно семе и ким се богати со омега-3 масни киселини.
| Тежина | 90 g |
|---|
Овесните крекери на Виталиа се направени од 100% природни состојки со балансиран нутритивен профил ( овесни снегулки, семки од интегрален сусам и лен) кои претставуваат природен извор на растителни влакна и омега-3 масни киселини.
Карактеристики на крекерите:
- Високо количество на растителни влакна
- Посно/Веган
- 0% брашно
- Извор на протеин
- со Хималајска сол
Хранлива и здрава ужина за било кој дел од денот, за сите кои се хранат здраво и практикуваат здрав начин на живот.
| Нутритивна вредност | 100g |
|---|---|
| Енергија | 2066КЈ/494kcal |
| Масти | 21.9 g |
| од кои заситени | 5.8 g |
| Јаглехидрати | 48.7 g |
| од кои шеќери | 1.1 g |
| Влакна | 10.4 g |
| Протеини | 14.9 g |
| Сол | 2.2 g |
НУТРИТИЕНТИ
ПО ПОРЦИЈА
РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
ПРОТЕИНИ
ШЕЌЕРИ
Овесни Снегулки
Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.
Ленено Семе
Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.
Семки од тиква
Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции
Киноа Снегулки
Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.
Семки од Сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.
Сусам
Сусамот додава јаткаст вкус и деликатна, скоро невидлива крцкавост на многу производи. Тоа е исто така главна состојка во таанот. Одличен извор на бакар, манган и цинк.
Протеин од Грашок
Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.
Хималајска сол
Хималајската сол е природна алтернатива на готварската сол. Составот е натриум хлорид, но ги содржи и минералите калциум, калиум, магнезиум и железо кои носат здравствени бенефиции кон организмот.

Мусли и Житарици
Овесни Каши
Барови
Ужина
Засладувачи
Напитоци и Чаеви
Масла, Семиња, и Тестенини
Намази и Зачини
Производи од Соја