Тропикал Мусли

242.00 ден

Тропикал муслите претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од квалитетно овошје и житни снегулки.

Тежина 750 g
Функционалност

Додадете производи од вредност над 850.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.
1 Личност го разгледува производот во овој момент
Опис

Тропикал муслите претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од квалитетно овошје и житни снегулки. Тропикал муслите ги спојуваат плодовите на сонцето. Претставуваат оригинална мешавина на жита (овесни, р’жени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје кои ви даваат тропска топлина секое ваше утро и 5% семки од лен и сончоглед.

За нашите потрошувачи го одбравме најквалитетното тропско овошје од еколошките предели на Тајван кој го надополнуваат оброкот со природни витамини и минерали, дозволувајќи ви за миг да ги почувствувате тропските предели на Далечниот Исток.

  • Ананасот содржи: калциум, провитамин А, витамин Е и Ц, витамини од групата Б (биотин), растителни влакна.
  • Папајата содржи: Витамини: А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, минерали: калциум, калиум.
  • Мангото е богато со аминокиселини витамини Ц и Е, флавоноиди, бета каротен.
  • Урмите содржат: Калциум, фосфор.
  • Бананата содржи: Б6, магнезиум, железо, калиум, Ц витамин.
  • Кокосот е богат со диетални влакна, има низок гликемиски индекс, извор на калциум и магнезиум, тиамин, и витамин Б6.
  • Грозјето изобилува со растителни влакна, калциум и железо.
  • Мешавината од семиња од лен и сончоглед природно е богата со диетални влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор.

Тропикал муслите се лесен и брз оброк и немаат додаток на шеќер.

Создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки, овошје и семиња) кои потопени во млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.

 

Употреба

Употреба: Подготовката е лесна и брза, 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт и се оставаат да отстојат 10 мин.