Исхрана

СТЕВИА – ЗАСЛАДУВАЧ НА ИДНИНАТА: НУЛА КАЛОРИИ ЗА ФИТ ИЗГЛЕД

Нашата љубов за нешто слатко не е само резултат на сите опции достапни во супермаркет, туку е дел од нашата биологија. 90% од потрошувачите велат дека вкусот е нивниот најголем мотиватор за купување на производ. Зголемената употреба на шеќери има влијание врз телесната тежина и општото здравје на организмот. Тоа е главна мотивација за намалување на внесот на шеќери и барање на соодветен засладувач. Замената на белиот шеќер влијае и на чувството во устата, текстурата, и бојата. Со тоа, нашиот најголем предизвик е да обезбедиме задоволително сензорно искуство што ќе биде прифатливо, a истовремено грижејќи се за нивното здравје.

Што е стевиа?

Стевиата е природен и здрав засладувач со нула калории кој потекнува од растението Stevia rebaudiana, познато како “сладок лист“ употребувано уште од страна на индијанските племиња пред повеќе од стотици години токму поради своите извонредни карактеристики.
Содржи над 100 фитохемикалии, богати со терпени и флавоноиди и е адекватна замена за шеќерот. Како резултат на безкалоричноста, единствениот вкус и природната слаткост се препорачува за намалување на телесната тежина и за сите оние кои сакаат витка фигура.

Од каде доаѓа слаткиот вкус на Стевиата?

Тајната на слаткиот вкус на Стевиата се крие во сложената молекула наречена стевиол гликозид, која е составена од гликоза, софороза и стевиола. Токму оваа сложена молекула e причина за необичната сладост на стевиата. Растението стевиа во природна форма е околу 10-15 пати послатко од белиот шеќер. А екстрактот од стевиа е од 100 до 200 пати посладок од белиот шеќер.

Разлика помеѓу Vitalia Sweet Stevia и бел шеќер

Виталиа Sweet SteviaБел шеќер
Екстракт од стевиа и еритритиолСахароза
Помага во намалување на телесната тежинаПридонесува за зголемување на телесната тежина
Погодно за дијабетичари поради нискиот гликемиски индексПотенцијален ризик за појава на дијабетес тип 2
Ги одржува забите здрави и спречува кариесПридонесува за расипување на забите
Го одржува нормалното ниво на крвен притисокГо покачува крвниот притисок

 

Vitalia Sweet Stevia идеална за диетална исхрана

Како резултат на единствениот природен вкус, Vitalia Sweet Stevia е уникатен производ идеален за диететски режим, за дијабетичари и лица со кардиоваскуларни нарушувања.
Виталиа стевиата во состав содржи и еритритол како носач за регулација на сладоста. Еритритол е шеќерен алкохол кој нема калории, се апсорбира преку крвта (само 10 % оди во дебелото црево) што споредбено со другите шеќерни алкохоли (сорбитол, малтитол, изомалт, ксилитол) предизвикува најмалку дигестивни проблеми.

Како да консумирате Vitalia Sweet Stevia?

За засладување на напитоци ( кафе, чај, смути…) додадете 1 до 2 ќесички Vitalia Sweet Stevia и уживајте релаксирани од фактот дека напитокот е засладен, но не сте ги зголемиле калориите.