Новости

Виталиа и Танц Фест 2025 – Енергија, инспирација и здравје во секој танц

Овој 29-ти април, со спектакуларната продукција наречена „Идентитети – Будење“ од кореографката Рисима Рисимкин, и официјално беше отворен Танц Фест 2025. Виталиа, како горд партнер на фестивалот, ја продолжи својата традиција на поддршка на овој значаен настан, верувајќи во моќта на танцот како израз на енергија, страст и креативност.

На самото отворање на фестивалот, посетителите имаа можност да пробаат од новите производи на Виталиа, Protein Trail Mix, специјално дизајнирани за активни луѓе на кои им е потребна свежа доза на енергија во текот на денот.

Танц Фест 2025 ќе трае до 13-ти мај и во текот на фестивалските денови ќе ѝ понуди на публиката врвна танцувачка програма од домашни и странски изведувачи. За завршниот настан на денот на самото затворање, ќе се одржи интерактивната кореографска претстава MySelves на француската компанија Кеј-денс (K-Dance), пионери во спојувањето на современиот танц и дигиталната уметност.

„Танцот е многу повеќе од уметност – тоа е израз на енергија, страст и животна сила. За нас, танчерите се вистински херои кои со секој потег го откриваат потенцијалот на телото и духот. Ние веруваме дека здравата исхрана е клучна за нивниот успех и затоа продолжуваме да ги поддржуваме во нивниот пат. Ова партнерство е наша инвестиција во иднината на младите, во нивната енергија и во нивниот развој како личности“ – изјавија од Компанијата.

Виталиа ќе продолжи да ги поддржува учесниците со здрави и функционални производи, кои ќе им помогнат да ја одржат нивната енергија и здравје на највисоко ниво.

Партнерството на Виталиа со Танц Фест 2025 е многу повеќе од поддршка на еден настан, за што говори и успешната долгогодишна соработка. Тоа е потврда за страста на Виталиа да ја истакне важноста на здравата исхрана, која ќе им помогне на сите учесници, но и на сите креативци, да го дадат најдоброто од себе и да ја прослават уметноста на движењето.