Новости

Виталиа ја најави најголемата Детска трка досега

Со голема возбуда и задоволство, Виталиа го најави третото издание на традиционалната Детска трка, која ќе се одржи на 21 септември. Оваа година малите тркачи ќе имаат можност да се чувствуваат како вистински професионални атлети, бидејќи Детската трка ќе се одржи на атлетската патека на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Повеќе од 1.500 деца и родители минатата година го наполнија Градскиот парк и направија фантастична атмосфера за втората по ред Детска трка. А овојпат, Виталиа најавува уште подобра организација и уште повеќе забава за присутните.

Виталиа детска трка 2024, загревање пред трка

И оваа година, пријавувањето на тркачи ќе се одвива по електронски пат и може да се направи на следниот линк

Детската трка за нас е ден исполнет со радост и детска енергија. Веруваме дека здравите навики почнуваат со мали чекори – со трчање, со насмевка, со здрава ужинка. Затоа ни е огромна чест што веќе три години заедно со децата градиме љубов кон спортот и здравиот живот.

– изјавија од Виталиа.

Виталиа детската трка е одлично место за најмалите да ги направат првите чекори во спортот и атлетските дисциплини, но и место каде што ќе можат да ги тестираат своите можности помеѓу своите врсници и другарчиња. Затоа, Виталиа ги повикува децата и нивните родители да го посетат настанот и да учествуваат во забавните активности кои се предвидени пред и по самата трка.  

Виталиа детска трка 2024, зелена трка.

Настанот ќе биде исполнет со различни интерактивни активности и предизвици кои ќе ги мотивираат најмладите да ги истражуваат своите способности и да го прифатат спортот како дел од нивниот секојдневен живот.

Од сигналот за почеток на трката па се’ до целта, Виталиа детската трка е местото каде што детскиот ентузијазам, возбудата и радоста се на прво место. Во оваа трка, сите се победници кои учат здрави навики и создаваат спомени кои траат цел живот.

Придружете ни се на овој настан и бидете дел од трката која ќе инспирира уште многу генерации во иднина!

Виталиа Детска трка – 21 Септември, Градски Стадион, Скопје!

Виталиа Детска Трка 2024