Рецепти

Интегрални палачинки со чоко крем

Протеини - 5.21g
Вкупно масти - 8.39g
Јагленихидрати - 25.32g
Калории - 194.2Kcal

Состојки ( за 10 палачинки):

за палачинките:
250 g интегрално пченично брашно – Vitalia
1 лажичка прашок за пециво
200 ml минерална вода
120 ml млеко
2 лажици маслиново масло
2 лажици кокосов шеќер – Vitalia

за филот:
растителен чоколаден крем – Vitalia
4 мелени семиња – Vitalia
овошје по ваша желба.

Начин на подготовка:

Сите состојки за филот ставете ги во длабок сад и убаво измешајте ги со миксер. Палачинките ги пржиме на стандарден начин во тава за палачинки.
Врз секоја палачинка ставете од растителниот чоколаден крем, а одозгора наросете со 4 мелени семиња и декорирајте со некое ваше омилено овошје.

Назад кон листа