Рецепти

Солени крекери со семиња

Протеини - 2.3g
Масти - 4.4g
Јагленихидрати - 8g
Калории - 78 Kcal

Состојки:

150ml маслинов зејтин
150ml пиво (по потреба може да се додаде уште малку)
1 лажичка пециво
50g ленено семе – Vitalia
50g интегрален сусам – Vitalia
50g семки од тивка– Vitalia
50g сончоглед– Vitalia
малку хималајска сол, оригано, бибер и куркума (зачините се ставаат по желба)
200g интегрално пченично брашно – Vitalia
300g интегрално ржано брашно – Vitalia

Начин на подготовка:

Најпрвин се мешаат сите суви состојки, па се додава првин пивото, па потоа маслото. Потребно е смесата да стане нелеплива и да може да се обликува со раце. Можете да правите мали ситни топчиња или да користите калап за различни форми. Колачите се печат на температура од 130-150 степени околу 40-50 минути во зависност од јачината на рерната.

Назад кон листа