

Кето Гранола | Кокос и Какао
271.00 ден
Кето појадок совршено избалансиран со богат вкус на кокос и неодоливи какао зрна, надополнет со уникатна арома на ванила Bourbon.
Како дел од кето исхраната, 1 порција од 55g обезбедува 15% енергија со само 6g јаглехидрати и без грам шеќер.
Тежина | 280 g |
---|---|
Функционалност | , , , |
Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.
Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.
Карактеристики на производот:
- Без додаден шеќер
- Без глутен
- Извор на протеини
- Со високо количество растителни влакна
Начин на употреба: 4 супени лажици (55g) гранола се потопуваат во 100мл млеко или јогурт.
Нутритивна вредност | 100 g |
---|---|
Енергија | 2422КЈ/579kcal |
Масти | 42.3 g |
од кои заситени | 36.5 g |
Јаглехидрати | 27 g |
од кои шеќери | 0.6 g |
Полиоли | 16 g |
Влакна | 8.8 g |
Протеини | 18.5 g |
Сол | 0.4 g |
Глутен | < 20 mg/kg |
НУТРИТИЕНТИ
ПО ПОРЦИЈА
ШЕЌЕРИ
ПРОТЕИНИ
ЈАГЛЕХИДРАТИ

Кокос
Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Ванила
Уживајте во сладоста на летото со вкусна сува кајсија. Ова овошје е богато во растителни влакна, антиоксидантни и калиум и може да се искористи како здрава ужинка или додаток во појадокот.

Бадеми
Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Цимет
Циметот е зачин од внатрешниот дел на дрво. Вкусот на циметот се должи на ароматичните есенцијални масти. Богато е со витамин К, Е, калциум, железо и цинк.

Протеин од сурутка
Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.

Семки од Сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

Ленено семе
Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.

Тигарски Мадиња
Tigernuts или „Тигарски Мадиња“ се јаткасти плодови, слични на леблебија, кои содржат разновидни хранливи материи и активни состојки. Тие исто така се богат извор на антиоксиданти кои го штитат телото од стареење и болести како што се кардиоваскуларните.