Вкусна комбинација на крцкави мусли, слатко-горчливо темно чоколадо, нутритивно-богати јаткасти плодови и супер семиња. Формулирани со висококвалитетни состојки и само 4g јаглехидрати на порција, кето муслите со јаткасто овошје се одличен избор за вашиот утрински ритуал.
Како дел од кето исхраната, 1 порција од 55g обезбедува 14% енергија со само 4g јаглехидрати и ниско количество на шеќери.
- Без додаден шеќер
- Без глутен
- Висок процент на протеин
- Со високо количество растителни влакна
Начин на употреба: 4 супени лажици (55g) мусли се потопуваат во 100мл млеко или јогурт.
Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.
Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.
Критики
Нема критики сеуште.