Регуларни Мусли | Појадок Микс

235.00 ден

Нутриционистите со години наназад ја потенцираат важноста на здравиот појадок и нагласуваат дека лицата кои не го прескокнуваат најважниот оброк во денот имаат помали шанси да заболат од дијабетес, срцеви болести но и нема да добијат прекумерна телесна тежина.

Тежина 1000 g
Додадете производи од вредност над 850.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.
2 Личности го разгледуваат производот во овој момент
Опис

Нутриционистите со години наназад ја потенцираат важноста на здравиот појадок. Тие нагласуваат дека лицата кои не го прескокнуваат појадокот имаат помали шанси да заболат од дијабетес, срцеви болести, и да добијат прекумерна телесна тежина.

Па затоа, ви препорачуваме да создадете здрава навика. Денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки и овошје) кои потопени со млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.

Токму затоа Муслите за појадок на Виталиа не се само обична мешавина. Со стручно креирана рецептура од врвни компоненти, тие му даваат богата и здрава основа на организмот за старт на денот.

Муслите за појадок имаат богат нутритивен профил и содржат 79% житни снегулки, суво овошје (банана и суво грозје) и семки од сончоглед и лен.

Сувото грозје изобилува со растителни влакна, калциум и железо, а може да го замени и шеќерот во исхраната. Бананата содржи магнезиум, железо, калиум, Ц витамин и Б витамин. Сончогледовото семе содржи: целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е, калциум и фосфор. Лененото семе изобилува со хранливи материи како омега-3 и омега-6 масните киселини, витамините Б1, Б2 и Ц, железо и цинк. Овошните мусли претставуваат здрав појадок за целото семејство кои ви даваат енергија за активен ден. Имаат висока содржина на влакна и не содржат додатни шеќери.

 

Употреба

Употреба: Лесна и брза подготовка: 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 10 мин.