Барате нешто брзо, вкусно, здраво а истовремено и практично за појадок?
Новите Виталиа овесни каши се подготвуваат за 2 минути со малку млеко, вода или јогурт и многу уживање. Збогатени со Б витамини, Виталиа овесните каши го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболитичките процеси и мозочната функција.
Ако го обожавате слатко киселиот вкус на малината, вашиот избор за здрав појадок нека биде Виталиа овесна каша со малина.
Овесот е житарка со извонредни карактеристики и содржи низа нутриенти кои се значајни за растењето, формирањето и заштитата на човечкиот организам. Интегралните овесни снегулки се богати со протеини, витамини (од Б групата, витамин К,Е, Д и провитамин А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум) и есенцијални амино киселни кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето и затоа треба да биде дел од вашето секојдневно мени. Претставува најбогат природен извор на растителни влакна, растворливи и нерастворливи, кои влијаат на подобрување на функцијата на дигестивниот тракт и постигнување здрава телесна тежина. Овесот исто така е значаен бидејќи влијае на лачењето на серoтонинот – “хормонот на среќата”. Ја подобрува концентрацијата, работната способност и влијае на позитивното расположение.
Малината го дава извонредниот вкус на oвесната каша со малина. Богата е со витамин Ц, минерали (манган, магнезиум, железо) и е богат избор на растителни влакна.
Хранлив и здрав оброк за сите кои се хранат здраво и практикуваат здрав начин на живот. Погодни се за дијабетичари и лактоза интолератни лица, во претходна консултација со доктор. Погодни за вегетаријанци и вегани.
Лесна и брза подготовка: Целото пакување (55г) потопете го во 120 мл. млеко или јогурт, и оставете ги да отстојат 2 мин.
Критики
Нема критики сеуште.