Едукативно, Исхрана

Започнете ја годината со нови здрави навики

Почетокот на секоја година е период кога обично рефлектираме на изминатите денови и размислуваме како може да ги подобриме наредните. Работата на себе започнува од исфрлањето на лошите навики и создавање на нови, подобри навики. Во пост-празничниот период е добро да започнете со промени во исхраната, а совршеното време за тоа е токму сега.

Секоја промена започнува со првиот чекор – колку и да се чини тој мал и незначителен. Затоа, ќе започнеме оттаму и ќе ви дадеме неколку идеи како да имате поздрава исхрана без да го жртвувате вкусот.

Утрото е периодот кога е потребна храна која ќе ве одржи сити, а е лесна, здрава и едноставна за подготовка.

Изберете Фит & Актив мусли, уникатна рецептура формулирана од врвни компоненти, кои се истакнуваат со својот богат нутритивен профил давајќи ви енергија за активен ден. Фит актив муслите претставуваат оригинална мешавина од житни снегулки, над 35% овошје (суво грозје, слива, кајсија), сончогледови семки, лен и тиква. Сувото овошје и целозрнестите житарки се богати со растителни влакна. Тие помагаат во забрзување на перисталтиката на храната и нејзината дигестија во дигестивниот систем.

Дополнително, тие директно влијаат на кардиоваскуларното здравје, го редуцираат „лошиот “ холестерол во крвта (LDL), го регулираат крвниот притисок, ја стабилизираат глукозата во крвта и ја регулираат телесната тежина.

Како да изберете здрава ужина?

Сепак, додека главните оброци се полесни за планирање, потешко е да се задржи дисциплината помеѓу нив. Тоа се моментите кога ви се грицка нешто брзо и вкусно, кое ќе ви пружи кратко заситување. Затоа, при првите знаци на глад наместо да се фатите за чоколадни бомбони или чипс, пробајте да ја совладате лошата навика и да ја замените со нова и поздрава.

Пробиотските колачиња се иновативна закуска која припаѓа на новата генерација на функционална ужина, која нуди додадена вредност за консумерот и неговиот внатрешен баланс. Овие колачиња содржат растителни влакна, кои помагаат при дигестија на храната и чувството на леснотија во организмот, како и 5 бактерии добри за желудникот. А најдоброто нешто околу нив? Тие не содржат додадени шеќери – што ги прави совршена секојдневна здрава ужина.

Доколку имате желба за нешто солено, тука се нашите овесни крекери. Вкусна, крцкава и здрава закуска на база на овес и семиња, и зачинета со Хималајска сол. Одлична алтернатива на висококалоричните грицки кои содржат големо количество на заситени масти и сол. Овесните крекери се направени од 100% природни состојки и балансиран нутритивен состав.

Воспоставувањето и прифаќањето на здравите навики се одличен начин да се започне годината! Дајте им шанса на горенаведените совети и обидете се да создадете трајни и здрави навики за животот подобар.