Едукативно, Нови Производи, Новости

Зошто енергетските барови се совршената здрава ужина?

100% енергија во било кој момент

Знаете ли дека првите енергетски барови воопшто не биле направени за да се користат на Земјата, туку биле произведени како „брза практична храна“ за астронаутите кои ја истражувале вселената? Но од 1960-тите кога беа измислени баровите, досега многу работи се променија, и во последната деценија тие го предводат трендот на јадење здрава ужина било кога и било каде. Но, зошто енергетските барови се добри за вас и кога треба да ги консумирате?

Навиката да се консумира храна или брза ужина „од нога“ стана приоритет на некои луѓе, а за многумина тоа е најпрактичниот начин за одржување на енергијата, што покажува и податокот дека “Snack Bars” имаат удел од 20% во вкупните приходи на глобалниот пазар за здрави ужини. Како и секоја храна, овие барови се направени да ве нахранат, да ја подобрат физичката енергија и да ви го дадат оној протеински „бум“ во комбинација од здрави масти, јаглехидрати, минерали и витамини – балансирани заедно за да ви го дадат она што ви треба.

Погледнете го нашето кратко видео

И токму затоа е важно да го одберете барот кој е најсоодветен за вас, според хранливите својства и вашите дневни потреби. Линијата NUT bar на Виталиа претставува сигурен и вкусен избор на здрава ужина, направена од внимателно избрани состојки кои го хранат телото со енергија. Високото количество на растителни влакна помага да се подобри дигестијата и да се намали крвниот притисок, протеините го зајакнуваат имунитетот и го одржуваат организмот сит, а здравите масти имаат антивоспалително дејство, што ги прави одлични за консумирање по тренинг или напорна физичка активност.

Зошто да се одлучите за NUT Bars?

Баровите од линијата NUT Bars се достапни во три различни вкусови: Бар со кикирики и темно чоколадо, бар со кајсија, кокос и бадем и бар со бразилски орев и суво грозје. Сите барови се со висок процент на јаткасто овошје, што значи дека се одлична закуска за секој кој сака слатка, но здрава храна. Поради адаптираната рецептура, баровите на Виталиа се препорачуваат не само за спортисти и луѓе кои водат активен живот, туку и за сите оние кои сакаат здравата храна да им биде составен дел од денот.

NUT bars претставуваат ужина што може да се консумира било кога – наутро или навечер, дома, во автомобил, во движење, на работа, во теретана… Тие се заситувачки и идеални за дополнување на енергија по напорна работа или тренинг, а поради сладникавиот вкус може да бидат и одличен здрав десерт. Практичноста на амбалажата и димензиите на пакувањето прават да можете да ги носите секаде со вас, како „џебна храна“.

Луѓето се разбудени и голем дел од нив сфаќаат што значи здравата исхрана за одржување на сопствениот добробит. Глобалниот пазар за здрави ужини се естимира да достигне 98 милијарди долари до 2025, што ни покажува дека и производителите на прехранбени производи имаат одговор на се’ поголемата потреба за здрава ужина. Затоа, следниот пат кога ќе излегувате од дома, не заборавајте со себе да понесете NUT Bar по ваш вкус – за екстра енергија!