КРЕКЕРИ
Без-Глутенски Крекери | Кромид и Чили
Уникатни крекери со крцкава структура. Комбинацијата од киноа, ленено семе, сусам, интегрален ориз и оризови снегулки претставуваат здав и исклучително вкусен оброк. Доволен е еден залак за да се осети богатиот мирис- вкус на чили и кромид. Знаејќи дека грицките се омилена храна кај сите нас, ги направивме овие крекери за секојдневни задоволства и дружби.
Без-Глутенски Крекери | Пармезан и Спанаќ
Направени од висококвалитетни продукти и суперхрана(киноа, ленено семе, интегрален сусам), овие безглутенски крекери се револуционерен производ од Виталиа лесно достапен до сите. Ги вклопивме вкусовите од пармезан и спанаќ за солено задоволвство кое во исто време придонесува за добро здравје и баланс на организмот.
Без-Глутенски Крекери | Супер-семиња
Уникатни крекери со крцкава структура. Комбинацијата од киноа, амарант и семињата – тиква, лен, сончоглед, чиа, црно семе, претставуваат здав и исклучително вкусен оброк. Доволен е еден залак за да се осети специфичниот склоп на семиња. Знаејќи дека грицките се омилена храна кај сите нас, ги направивме овие крекери за секојдневни задоволства и дружби.
Кето Крекери | Семиња
Крцкави кето крекери формулирани со 6 вида на семиња-суперхрана, збогатени со протеин од грашок и со одлична арома на оригано. Совршени за вашите омилени намази, сосови, макало. Како дел од кето диетата, една порција од 25g обезбедува 5g јаглехидрати и 6% од потребната енергија за утринска или попладневна ужина.
Овесни Крекери | 7 Семиња
Барате совршено крцкава закуска? Формулиравме нов вкус на нашите добро познати овесни крекери-со мешавина од 7 семиња. Седумте семиња, присутни дури 31% - лен, тиква, чиа, сончоглед, сусам, црно семе и ким се богати со омега-3 масни киселини кои помагаат во регулирање на крвниот притисок, холестерол и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Со 35% овесни снегулки, крекерите се богати со диетални влакна кои го подобруваат варењето и ја намалуваат подуеноста и гасови.
Овесни Крекери | Босилек и Семиња
Оригинална фузија од 30% овесни снегулки во комбинација со интегрални жита- пченица, пченка и ориз и медитенски вкус на босилек. Направени од 100% природни состојки со балансиран нутритивен профил – овесни снегулки, семки од интегрален сусам, лен, босилек и сушен лук. Моќта на овесот преточена во овесни солени крекери, здрава замена за високо калоричните грицки.
Овесни Крекери | Мешан Зеленчук и Семки од Тиква
Моќта на овесот преточена во Овесни солени крекери, здрава замена за високо калоричните грицки – овесни солени крекери со мешан зеленчук и семки од тиква. Оригинална и вкусна фузија од 35% овесни снегулки во комбинација со интегрални жита- пченица, пченка и ориз. Направени од 100% природни состојки со балансиран нутритивен профил – овесни снегулки, семки од интегрален сусам, лен, босилек и сушен лук. Моќта на овесот преточена во овесни солени крекери, здрава замена за високо калоричните грицки.