Како зелениот чај ќе му помогне на Вашиот организам?
- Го намалува холестеролот, инхибирајќи ја неговата ресорпција и балансирајќи го неговото ниво во крвта или поточно односот ХДЛ/ЛДЛ.
- Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки – тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.
- Делува инхибиторно на активноста на ензимот кој се излачува од бубрезите и кој предизвикува зголемување на крвниот притисок
- Делува инхибиторно на покачување на шеќерот во крвта, поради што е поволен и за дијабетичари
- Го спречува растот и развојот на патогените бактерии кои предизвикуваат труење преку храна
- Спречува појава на кариес (расипување) на забите
- Го зајакнува имунолошкиот систем и делува антивирусно
- Правење гаргара со него помага при проблеми со грлото и устата
- Делува инхибиторно на хистамините (супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции) со што ги олеснува придружните симптоми на алергиите
Испитувањата кои се прават за да се утврди делотворноста на зелениот чај, се однесуваат на неговото инхибиторно дејство на растот и развојот на туморалните клетки, како и превенцијата од појава на рак.
Пиењето зелен чај во Јапонија и Кина е секојдневна појава, а неговото благотворно дејство се потврдува со фактот дека во областите во Јапонија, каде што многу се пие овој чај, појавата на малигни заболувања е многу ретка.