RiceVita е вкусен и здрав напиток за секој член од вашето семејство. Децата го сакаат поради лесно прифатливиот оризов вкус, а возрасните поради богатата содржина на хранливи состојки. Оризовите протеини се високо нутритивни, со одличен амино киселински профил. Токму затоа оризовото млеко се препорачува за лица кои страдаат од целијакија. Оброците подготвени од оризово млеко се најдобар избор посебно во случај на диареја.
Затоа, оризовото млеко се препорачува за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција, за вегетаријанци кои не консумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети.
RiceVita – оризово млеко (замена за кравјото млеко) е прехрамбен напиток со пријатен вкус кој спаѓа во групата на природни растителни производи. Не содржи лактоза, холестерол.
Оризовиот напиток е погоден за лица со лактозна интолеранција, лица кои имаат тешкотии со варењето или лица со високо ниво на холестерол. Оризовото млеко се препорачува за сите оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на својата исхрана. Има пријатен вкус и високата хранлива вредност. Оризовото млеко е одлична замена за кравјото млеко. Со него, на брз и лесен начин, можете да подготвите милкшеик, фрапе, нескафе, коктел, житни оброци и мусли, пудинзи, супи, сосови, тестенини. Не се згруднува и брзо се раствора.
Може да го конзумираат и дијабетичари во рамките на пропишаната диета.
Не се препорачува како замена за кравјо млеко кај деца до три годишна возраст.